Дополнителен тим доктори и сестри во Инфективната клиниката и во „8 Септември“

Клиника за инфективни болести во Скопје

Од понеделник десет лекари од клиниките, кои што имаат соодветна експертиза во областа на интерната медицина, пред сè пулмологијата, како и десетина медицински сестри, ќе се приклучат на тимовите на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“, најави на денешната-прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека за уште една недела ќе се одложи нормализирањето на работата во рамки на клиниките.

„За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките, тоа што планиравме да биде претходно, поради тоа што сега овој кадар е потребен за да биде дополнување на кадарот којшто директно работи со овие пациенти“, нагласи министерот за здравство, зборувајќи за пацинетите кои се заразени од Ковид-19 и се хоспитализирани во Инфективната клиника и во „8 Септември“.