Адеми се надева на враќање во училиште на 1 септември

Macedonia - Minister of Education and Science Arber Ademi holds a press conference

Сакаме учениците да се вратат на училиште зашто наставата таму нема замена, колку и да се трудиме. Ќе бидеме подготвени за какво било сценарио, но посакуваме во најнормални услови и околности да се вратиме во училиштата од 1 септември, изјави денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

„За волја на вистината, не одеше сè лесно во смисла на организирање и реализирање на образовниот процес“, рече министерот во гостувањето во последната „ТВ Училница” преку која беше едно од решенијата за учениците за време на учебната година во вонредна состојба.

Според Адеми, главни предизвици во реализацијата на наставата во вонредни услови биле возраста на учениците, односно вештината на помалите за користење на електронските уреди, како и проблемот со интернет-пристапот на ученици од социјано загрозените семејства, што, како што рече, било надминато.