САД со дополнителни 450.000 долари поддршка за Македонија во борбата со Ковид-19

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнс

САД преку УСАИД доделија дополнителни 450 илјади долари за поддршка на Северна Македонија во борба против пандемијата на Ковид-19. Средствата, како што соопштија од канцеларијата на УСАИД во Скопје, ќе бидат наменети за поддршка на: координација, планирање, следење, работење и логистика, кризна комуникација и вклучување на заедницата и управување со случаи и спречување и контрола на инфекции во здравствените установи.

„Американската Влада е горда што ја канализира дарежливоста на американскиот народ да се бори против оваа пандемија заедно со нашите сојузници. Преку нашето партнерство со УНИЦЕФ, ќе ги зголемиме итните здравствени, хуманитарни и економски активности од владата, приватниот сектор и невладините организации, како и меѓународната заедница“, истакна американската амбасадорка Кејт Брнс.

1,1 милиони долари од САД за Северна Македонија за борба против епидемијата

Вкупно досега УСАИД додели 1,5 милиони американски долари за поддршка на државата.