Пад на извозот за 23,8, а на увозот за 19 проценти

Илустрација - Камиони на царина на граничен премин

Извозот од земјава во првите четири месеци од годинава бележи пад од 23,8 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Објавените податоци покажуваат пад и на увозот за 19 отсто.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Северна Република Македонија, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 1.782.502 американски долари, додека вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698 американски долари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 740.196 американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70,6 отсто.