Русија на трето место според број на заразени со ковид-19

R

Руските власти објавија дека во изминатите 24 часа се регистрирани 8.984 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани во земјата достигна 467.673случаи на заразени со ковид-19. Во дневниот извештај на здравствените власти се наведува дека 134 луѓе починале од вирусот во текот на изминатите 24 часа, со што официјалниот број на смртни случаи на национално ниво достигна 5.859.

Русија сега е на третото место во светот според бројот на заразени, а според бројот на смртни случаи е на 14-то место во светот.