Николовска - Опоравувањето од пандемијата треба да биде зелено

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Опоравувањето после пандемијата мора да биде зелено, но треба да се зголеми и личната одговорност на граѓаните и носителите на одлуки, вели еко-активистката Елена Николовска од граѓанската организација „Еко-свест“ во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Таа посочува дека ресурсите треба да ги употребуваме во склад со природата, но оценува дека се уште е ниска свеста на глобално ниво за загадувањето на животната средина.