Бомбашки напад во Авганистан, загинале најмалку 7 цивили

Илустрација - Припадник на авганистанската полиција

Најмалку седум цивили доцна синоќа загинаа во експлозија на подметната бомба крај пат во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска локалните власти, јави германската новинска агенција ДПА.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата за ДПА изјави дека во инцидентот се повредени уште шест лица, откако нивниот мотоцикл доцна синоќа бил погоден од бомба во областа Кан Абад.

Сите жртви биле млади луѓе од провинцијата Бадакшан, кои работеле како работници на земјоделско земјиште во Кундуз. Според локалните власти, областа е под контрола на талибанците.