Нови 20 заболени од Ковид-19 и еден починат пациент

Нови 20 заразени од Ковид 19 се регистрирани во изминативе 24 часа и тоа најмногу во Скопје - 16, потоа во Куманово 2 и во Прилеп 2. Од Министерството за здравство информираат дека денеска се регистрирани и 24 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63), примен на болничко лекување на 6-ти мај како сомнителен на Ковид-19, потврден позитивен еден ден подоцна.
Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања,од кои 355 се во рамките на скринингот, а досега во земјата се направени вкупно 24762 тестирања на Ковид -19.

Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

Вкупната бројка на досега заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.