САД се повлекуваат од договорот „Отворено небо“

Илустрација

САД најавија дека имаат намера да се повлечат од договорот „Отворено небо“ заради кршење на договорот од страна на Русија. Американските медиуми објавија дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп денеска ги известила останатите 34 потписнички на договорот.

Осумнаесет годишниот договор, кој ја вклучува Русија, има за цел да ја зголеми меѓународната стабилност со тоа што ќе им овозможи на државите потписнички да вршат летови за надзор над територијата на другите, за да набљудуваат воени инсталации и други објекти.

Белата куќа ја обвини Русија за кршење на договорот, велејќи дека Москва ги блокира летовите на САД над градот Калининград и во близина на Грузија кои се дозволени со договорот.

Повлекувањето од договорот е последниот чекор на Трамп за еднострано повлекување на САД од големиот глобален договор. Минатата година Вашингтон се повлече од Договорот за нуклеарни сили со среден опсег со Русија.