Силен земјотрес во близина на грчкиот брег

илустрација

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала е регистриран во близина на грчкиот брег, соопшти денеска Медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 240 километри југозападно од грчкиот регион Метони на Пелопонез, на длабочина од десет километри под површина на земјата. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотрес во близина на грчкиот остров Крит

Од почетокот на овој месец, Грција, поточно грчкиот остров Крит, го погодија неколку земјотреси, од кои последниот вчера со интензитет од 4,4 степени.