Времето денеска: променливо облачно

Претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде од 14 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време со температура до 18 степени.