Унгарски парламент: договорот со Кина за пругата Будимпешта-Белград е тајна

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Србија Александар Вучиќ, Белград, 15.05.2020.

Унгарскиот парламент синоќа донесе закон со цел да ги зачува тајните деталите од финансискиот договор со Кина за изградбата на железничката врска Будимпешта-Белград, затоа што тој договор се смета за најголема инфраструктурна инвестиција во земјата. Деталите за договорите мора да останат тајни десет години, бидејќи нивното „објавување може да ја загрози Унгарија во спроведувањето на нејзината надворешна политика и нејзините трговски интереси“, се вели во законот.

Унгарија потпиша договор за кредит со Кина за изградба на железница

Се додава дека на овој начин Унгарија сака да се „заштити од непотребно надворешно влијание“ затоа што станува збор за „поголем национален интерес“. Брзата железничка линија ќе овозможи модернизација на постојната железница што постои помеѓу Будимпешта и Белград. Според договорот, кинеската државна банка Ексим ќе финансира 85% од трошоците за инвестирање, проценети на околу две милијарди евра. Останатите 15% ќе ги финансира Унгарија со свои средства.