Во Бугарија протест против карантинот

Повеќе од 2.000 луѓе протестираа во Софија против мерките за спречувње на коронавирусот

Повеќе од 2.000 луѓе протестираа во Софија против мерките за спречувње на коронавирусот, наведувајќи дека бугарската влада вовела „непотребни“ мерки затоа што земјата е малку погодена од вирусот. Протестот беше организиран во центарот на Софија, а демонстрантите го носеа бугарското знаме и не се придржуваа кон мерките за физичко растојание. Митингот заврши по неколку инциденти со припадници на безбедносните сили. Демонстрантите одговорија на повикот на радикална левичарска организација и ова беше прв собир организиран од воведувањето карантин на населението на 13 март.

Пендаровски и Радев го откажаа чествувањето на Кирил и Методиј во Рим

Карантинот, кој не беше толку строг во Бугарија во однос на другите земји, започна да се олеснува пред една недела, па кафулињата и рестораните беа повторно отворени. Големите градови веќе не се блокирани и можно е да се движат низ земјата. Во Бугарија, која има седум милиони луѓе, регистрирани се 2.100 заразени со вирусот, од кои 99 починале.