Трамп: вакцина против коронавирусот до крајот на годинава

Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се надева на вакцина против коронавирусот до крајот на годинава, а за нејзина дистрибуција, како што рече, ќе се потпре на армијата. Како што јави МИА, во интервју за Фокс Бизнис, Трамп нагласил дека предност во вакцинирањето ќе имаат постарите Американци.

Иако засега нема вакцина против коронавирусот, Белата куќа има поставено цел да произведе 300 милиони дози на ваква вакцина до крајот на оваа година, додека истакнатиот американски епидемиолог Ентони Фаучи смета дека е неостварлива идејата таа да биде достапна до есен, кога ќе започне наставата во училиштата и на факултетите.