Сервер: историјата нема да го подобри животот на граѓаните во Бугарија и С.Македонија

Даниел Сервер, експерт за Балканот од Универзитетот „Џон Хопкинс“

Да оставиме на историчарите да решаваат за тоа дали некои личности од 19 век се чувствувале Бугари или нешто друго, но се прашувам каква врска има тоа со подобрување на животот на граѓаните на Бугарија и на С.Македонија, изјави Даниел Сервер, експерт за Балканот од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Пендаровски: Ако цената да влеземе во ЕУ е да не бидеме Македонци, не ни треба ЕУ

На прашањето дали ЕУ и Вашингтон треба да дозволат позицијата на Софија за јазикот и историјата да стане услов за влез на Северна Македонија во ЕУ, Сервер одговори дека само несигурните луѓе водат грижи за својот идентитет. “Само луѓето несигурни во својот идентитет водат грижа за идентитетот”, изјави тој.