Вархеји - ЕУ и Западен Балкан од кризата излегуваат со засилени односи

Eврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи.

ЕУ и Западен Балкан со зајакнати односи излегуваат од кризата со Ковид-19, оценува еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи. Тој говорејќи за поддршката на ЕУ за Западен Балкан во борбата против коронавирусот рече дека давањето помош не е трка, туку смислен и корисен чин.

Вархеји - Преговарачка рамка за С. Македонија во јуни

„Излегувајќи од кризата, нашите односи со регионот се засилуваат, а партнерите се чувствуваат повеќе поврзани со ЕУ“, напиша комесарот Вархеји на својот профил на Твитер.

По самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, комесарот за проширување истакна дека завршната декларација од самитот потврдува дека поддршката и соработката што ЕУ ја има со регионот „далеку го надминува она што другите партнери можат да обезбедат“.