Дебар и Центар Жупа бараат поголема државна помош

Дебарскиот градоначалник Хакуран Дука

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба, штетите кај локалните бизнисмени во сите сфери се големи, поради што владата треба да даде поголема матријална поддршка за бизнисмените во овој регион во споредба со другите општини во земјава, изјави денеска дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

Тој нагласи дека општинскиот кризен штаб ја разгледал состојбата со загубите во дебарските комапнии и наскоро ке излезе со конкретни податоци за штетите, а според до сега обработеното, особено огромни штети има во бањскиот туризам, јави нашиот дописник од Дебар.

Според Дука, во Дебар повеќе од три недели нема новозаразени со коронавирус, но побара населението и понатаму строго да се придржува до пропишаните мерки.