Иран спремен за размена на затвореници со САД

Архивска фотографија- портпаролот на иранската влада Али Рабие

Иран е спремен за целосна размена на затвореници со Соединетите Американски Држави, рече портпаролот на иранската влада Али Рабие додавајќи дека Вашингтон се уште не одговорил на иранскиот повик за размена.

„Ние објавивме дека сме подготвени без никакви предуслови за размена на сите затвореници и сме подготвени да дискутираме за тоа прашање, но се уште нема одговор од Американците“, рече Рабие денеска.

Западните медиумите јавуваат дека минатата недела Техеран и Вашингтон преговарале за договор со кој ќе се ослободи американскиот ветеран Мајкл Вајт во замена за Иранец кој е затвореник во САД. Се верува дека Иран држи уште најмалку четворица Американци.
Иран, пак, тврди дека американските власти држат околу 20 Иранци во затворите.