Пендаровски загрижен поради струшките настани и најавите на ИВЗ

Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во телефонски разговор со поглаварот наМакедонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископот г.г. Стефан, како и со поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи им ги пренел своите ставови и загриженост во врска со вчерашните случувања во Струга, како и за најавата на ИВЗ дека ќе ги отворат верските објекти на 12 мај.Во соопштението од кабинеот на Пенадаровски е наведено дека им укажал на верските лидери дека од нив очекува да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи.

„Мерките кои се воведени за заштита од пандемијата, не забрануваат на ниту еден граѓанин да ја практикува својата религија. Но, она што мораше да се ограничи и уште е ограничено, се масовните собирања по повод кој било верски празник, како и верски обичаи, “ е наведно во писмената изјава на Пендаровски.

Тој ги повика надлежните институции да постапуваат соодветно, во рамки на одговорностите кои ги имаат за одржување на стабилноста.

Во меѓувреме полициското одделение во Струга се огласи со писмено соопштение во кое вели дека ги презеле сите неопходни безбедносни мерки во согласност со Владините мерки и протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19.Во соопштението е наведено дека полицијата со верските претствавници во Струга договарале како да се одбива Литијата во која требало да има само дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на луѓе во текот на движењето.

„При движење на Литијата кон кејот и на шеталиштето, од споредните улици и од дворовите на приватните куќи, околу 17.30 часот, полициските службеници забележаа движење и приклучување на групи верници. Иако, имаше обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката на што наидоа од вербална реакција и негодување од граѓаните, таа појава не беше возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на ситуацијата. Напоменуваме дека за разлика од минатогодишната литија каде имаше околу 10.000 верници, годинава регистрирано е присуство од околу 300 лица, се вели во соопштението.

Струшката полиција заедно со јавното обвинителство имаат задача идетификација на како што велат „ненајавеното приклучување на групите верници“ по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.