ЕПП - Западен Балкан не смее да падне во замката на руските дезинформации

Западен Балкан не смее да падне во руската замка на дезинформации, оцени денеска Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, оценувајќи дека „регионот има подобра иднина со ЕУ“.

Непосредно пред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан, портпаролот на пратеничката група на ЕПП, задолжен за надворешни работи, Михаел Галер истакна дека не треба да се губат од вид геополитичките последици од пандемијата на коронавирусот и оти „Европејците мора да ја претворат оваа криза во можност и заедно да ги ублажат последиците од пандемијата“, се вели во соопштението од ЕПП.