Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сакаат дебата со Мицкоски

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Христијан Мицкоски на јавно соочување за, како што велат, неговата искреност за договорот со Грција, за НАТО и ЕУ, за Законот за ЈО, за плаќањето пратеници...

„Христијан, ти пред целата меѓународна заедница имаш став дека договорот со Грција е реалност, имаш ‘цврст’ став пред јавноста дека ќе пробаш да направиш промени, имаш ‘цврст’ став пред членството дека нема државата да ја викаш под уставното име Република Северна Македонија додека во ЕНП широкоградо го прифаќаш. Во твоето тажно интервју повторно зборуваш за платени пратеници, зборуваш за законот за ЈО од кој бегаше без реално учество. Тој процес беше транспарентен, со јавна расправа, со долги разговори и внимание од меѓународната заедница. Истиот беше посебно поздравен и во извештајот за напредокот на нашата татковина, што резултираше со конечно зелено светло за отпочнување преговори. Во теоријата за преговори има еден термин bad faith, тоа е кога некој глуми дека преговара, а нема намера за компромис“, пишува во писмото.

Тие го повикуваат Мицкоски да изнесе докази за тоа што го зборува на дебата, на која, како што велат неговите сопартијци, тој нема да дојде.