Османи разговарал со Даниелсон за преговарачката рамка

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи остварил видео-конференциска врска со директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, Кристијан Даниелсон. Во фокусот на разговорот била содржината на Преговарачката рамка и на претстојниот извештај нa Европската Комисија и соработката меѓу Европската Унија и Северна Македонија во справувањето со пандемијата и нејзините последици.

„Очекуваме Комисијата да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец, која, пак, заедно со Извештајот, ќе преставуваат објективен и мериторен приказ на состојбите во земјава, како и за потребите на земјата за остварување на суштински напредок кон членство во ЕУ“ истакнал Османи, притоа ставајќи ги на располагање сите капацитети на земјава за придонес кон остварување на овие цели.

Османи: Преговарачката рамка на 3 јуни, секоја членка може да блокира

Османи, како што соопшти СЕП, порачал дека амбиција на државата е оваа година да се одржи и Првата меѓувладина конференција и да го започне Билатералниот скрининг, со што, како што рече, Северна Македонија во целосен капацитет ќе се посвети на преговорите со Унијата.