Пица и дрога, Трамп и Кина, Меркел и фудбал...

ФРАНЦИЈА - Интерпол денеска предупреди на нов начин на работа на шверцерите, кои ги користат службите за доставување на пица за транспорт на дрога и оружје во земјите каде што беше воведена изолација поради пандемијата на коронавирус.

МАКЕДОНИЈА - Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година, одлучила Владата на денешната седница, објави министерот за образование Арбер Адеми на својот профил на Фејсбук.

МАКЕДОНИЈА - По речиси 15 часа одблокирана е помошта од хуманитарни пакети од семејството Заеви, која од синоќа беше блокирана пред магацин на улица во Струмица, каде синоќа околу 23 часот упаднале полиција и јавен обвинител, соопшти денеска Александар Марковски од Здружението Сите заедно можеме, кој учествувале во подготвувањето на пакетите.

МАКЕДОНИЈА - Државниот инспекторат за труд издал 37 решенија за 28 фирми со што на работа се враќаат 140 вработени кои неправично добиле откази во време на коронавирус кризата.

МАКЕДОНИЈА - Двајцата штипјани кои тепаа нивна сограѓанка и при тоа се снимаа и снимката ја објавија на социјалните мрежи денеска се осудени на по две ипол години затвор.

БЕЛГИЈА - Економијата на ЕУ и еврозоната забележа најголем пад на активности во изминатите 25 години, покажаа првите прелиминарни проценки на Европскиот завод за статистика објавени денеска.

САД - Кина ќе направи сé што може за да изгуби на изборите во ноември, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за новинската агенција Ројтерс.

СЛОВЕНИЈА - Словенија најави дека од 18 мај почнува со постепено враќање на образовниот процес во нормала, јави МИА од Љубљана. Владата реши најпрво ќе се отворат градинките и училиштата, но само за некои одделенија.

КИНА - Кинескиот главен град Пекинг од денеска ги олесни правилата за карантин за некои домашни патници од области со низок ризик во Кина, бидејќи кинескиот главен град се подготвува за голем политички собир.

ГЕРМАНИЈА - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се сретна со шефовите на шеснаесет германски сојузни покраини во врска со натамошните чекори во ослободувањето на строгите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Германија. Притоа, како што известуваат германските медиуми, е можно да биде донесена одлука за продолжување на сезоната во германската прва фудбалска лига.