Српските опозициски партии вечер во 18 часот пред српскиот парламент ќе организираат протест против, како што наведуваат, неуставното наметнување вонредна состојба и „преземањето невидени мерки врз граѓаните на Србија“. На протестот ќе учествуваат само претставници на тие партии, додека граѓаните не се поканети поради полицискиот час.
Шпигел: Српските власти најдалеку во ограничувањето на правата и слободите
Според опозицијата, српската влада самостојно, без одлука на Собранието, донесе одлука да прогласи вонредна состојба пред еден месец и половина. Некои од нив пак оценуваат дека српскиот претседател, премиерот и претседателот на српскиот парламент извршиле пуч.