СЗО ќе го разгледа развојот на пандемијата

Тедрос Аданом Гебрејезус

Шефот на Светската здравствена организација најави дека денеска Комитетот за итни случаи ќе го процени развојот на пандемијата на коронавирусот, три месеци откако прогласи меѓународно итна вонредна состојба. Одговарајќи на зголемената критика на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејезус ги наброја сите преземени активности од јануари.

Продолжуваат обвинувањата меѓу САД и Кина за пандемијата

За прв пат, шефот на СЗО го свика тој комитет на 30 јануари, кога во светот надвор од Кина имало 82 случаи на коронавирус и немаше починати.Вирусот кој се појави во декември во Кина, оттогаш се шири низ целиот свет, убивајќи повеќе од 217.400 луѓе.