Нема повторување на учебната година, за матурата не е одлучено

Арбер Адеми

Учебната година нема да се повторува од септември, рече министерот за образование, Арбер Адеми, на денешната прес конференција, додавајќи дека воведените мерки и системот за учење на далечина успешно се спроведуваат.

Според него, наставниците имаат насоки како да ги пренесуваат знаењата и како да ги оценуваат учениците. Тој додаде дека учениците кои поради социјални причини не поседувале уреди за комуникација или интернет, го надминале проблемот со помош на бизнис заедницат,а локалната самоуправа и „Македонски телеком“.

Министерот Адеми информираше и дека на некоја од наредните владини седници ќе се дискутира дали ќе има полагање на државна матура во јуни или ќе се укине за оваа генерација матуранти.