„Туркиш ерлајнс“ нема да лета до 28 мај

Аеродромот Ататурк во Истанбул

„Туркиш ерлајнс“ соопшти дека го продолжува до 28 мај прекинот на меѓународните и домашните летови воведени поради пандемија со коронавирусот. Ова беше објавено по изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека државата може да почне со ублажување на некои ограничувања по Рамазански Бајрам кон крајот на мај.

Ердоган: нормализација во јуни

Турција забрани патување во 31 најгусто населена провинција, и исто така воведе полициски час во текот на викендот. Како дел од мерките против заразата, Турција го забрани и излегувањето од дома на граѓаните над 65 и под 20 години. Државата објави 2.900 смртни случаи и 112.261 заразени.