Шпигел: Српските власти најдалеку во ограничувањето на правата и слободите

илустрација

Многу влади во централна и јужна Европа, а особено во Западен Балкан, ја искористија вонредната состојба за пандемијата за зајакнување на извршната власт и за масовно ограничување на слободите, но Србија е земја чии власти отидоа најдалеку во ограничување на владеењето на правото, пишува германскиот весник „Шпигел“. Весникот оценува дека опозициските политичари, активисти за човекови права и независни медиуми во Србија „зборуваат скоро едногласно за кршење на уставот и за пуч“.

Продолжен полициски час за Први мај во Србија, ќе заседава и Собранието

Шпигел потсетува дека српскиот претседател Александар Вучиќ се смеел на сметка на вирусот на крајот на февруари, но подоцна и тој прогласи вонредна состојба пред парламентот, што „доведе до сериозни ограничувања на основните права и јавниот живот на“ Србија. Весникот пишува дека во Србија „само парламентот има право да прогласи вонредна состојба, но дека дупка во уставот му дозволува и на претседателот доколку се спречи законодавниот дом“, што ја искористи Вучиќ, повикувајќи се на забрана за собранието заради пандемијата.