Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни. Од присутните пратеници петмина беа против додека тројца воздржани.
Пред да влезат во собраниската сала на пратениците им беше мерена телесна температура, носеа заштитни маски и ракавици а поради одржување социјална дистанца беа распоредени и во собраниските галерија и ложите, кои обично се за странските дипломати или високи гости.
Последните податоци од Министертвото за здравство и социјална заштита, во Албанија дијагностицирани со „Ковид-19“ се 663 лица, оздравени 385, додека починати 27 лица.