ММФ: 4 проценти пад на македонската економија поради пандемијата

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за земјава предвидува 4 проценти пад на македонската економија, главно поради состојбата со пандемијата на коронавирусот, како и евентуалното прелевање на глобалната рецесија кон земјава.

„Економската состојба во Македонија се влоши значително поради пандемијата Ковид-19. Се очекува реалниот БДП да се намали за 4 проценти како резултат на падот на домашната и надворешната побарувачка. Ова, заедно со негативните шокови на доверба и прелевањето од глобалните финансиски канали, создаде итна потреба од платен биланс. Изборите планирани за април 2020 година се одложени, што значи дека привремената влада ќе остане на сила следните месеци“, се наведува во извештајот.

Според ММФ, македонските власти реагирале брзо со привремена поддршка на фискалната политика со цел ограничување на социјалните и економски влијанија на здравствената вонредна состојба со заштита на ликвидноста на компаниите, зачувување работни места и обезбедување социјална грижа за невработените и ранливи домаќинства.