Ковид-19 во светот: 2.565.299 заразени, 177.775 починати и 696.781 оздравени

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до денеска до 10 часот се заразени 2.565.299 лица, починале 177.775, а оздравеле 696.781 луѓе.

На прво место според бројот на заболени починати се САД со 819 175 случаи на заразени и 45 343 починати лица. Втора е Шпанија со 204 178 заразени и 21 282 починати, потоа Италија со 183 957 заразени и 24 648 починати. Следуваат Франција со 158 050 заразени лица и 20 796 починати и Германија со 148 453 заразени и 5 086 починати.