Гренел повторно негира дека разговарал за размена на територија меѓу Србија и Косово

Специјалниот претставник на претседателот на САД за преговори меѓу Србија и Косово Ричард Гренел

Специјалниот претставник на претседателот на САД за преговори меѓу Србија и Косово Ричард Гренел повторно негираше дека имало разговори за размена на територии меѓу Белград и Приштина. „Од моја страна апсолутно немаше разговор за размена на територија и никој друг не го дискутираше тоа во мое присуство. Ова го кажав многу пати”, напиша Гренел на Твитер, како одговор на изјавата на косовскиот премиер во заминување, Албин Курти, на вчерашната онлајн конференција организирана од PresseClub Concordia од Виена.

Вашингтон: нема таен план за размена на територии меѓу Србија и Косово

Курти рече дека разговорите за територијална размена започнале за време на мандатот на поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини и дека Гренел ја презеде идејата и продолжи да врши притисок таа да биде прифатена од коалицијата на Курти.