Од Струмица до Пјонјанг...

МАКЕДОНИЈА - Дел од поранешните обвинители во поранешното СЈО не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ и поради тоа, соопшти ДКСК, прекршочна постапка е поведена за: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти - двајца од Тетово и еден од Куманово, а два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекувал во домашни услови. Новозаразени со коронавирус се 48 лица.

МАКЕДОНИЈА - Денешното рочиште за случајот Рекет“ се одложи бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски не беше спроведен од истражниот затвор, како и на барање на адвокатите, поради моменталната состојба со корона вирусот, бидејќи во затворот во Шутка има тестирање за коронавирус по вчерашниот смртен случај на позитивен притвореник.

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на СДСМ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, од синоќа се во самоизолација поради коронавирус. Резултатот од тестот на Мицкоски бил негативен, но сепак ќе биде во изолација, а резултатите од тестот на Заев ќе стасаат во текот на денот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

ЈУЖНА КОРЕЈА - Во Јужна Кореја денес се одржуваше предвремено гласање на парламентарните избори, при што се одредени посебни гласачки места за заразените со коронавирус.

САД - Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика поделените членови на Советот за безбедност да покажат солидарност и да бидат обединети против Ковид-19, наведувајќи дека тоа е борба на генерацијата.

КОСОВО - Претседателот на Косово Хашим Тачи, по повод намерата навршителот на должноста премиер Албин Курти да формира тим за преговори со Србија, оцени дека тоа е само една лична желба на премиерот, кој со апсолутно мнозинство беше разрешен од страна на Собранието на Косово.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Русија се блиску да се договорат за цената на нафтата.