Советот за безбедност на ОН поделен во борбата против Ковид-19

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш седи до Тедрос Аданом Гeбрejезус генералниот директор на Светската здравствена организација

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика поделените членови на Советот за безбедност да покажат солидарност и да бидат обединети против Ковид-19, наведувајќи дека тоа е „борба на генерацијата“. Тој го брифираше Советот зад затворени врати за пандемијата. Состанокот заврши по три часа со кратка изјава на земјите-членки во која се изразува поддршка за генералниот секретар. „Ангажманот на Советот за безбедност ќе биде клучен во ублажувањето на ефектите од пандемијата на кавид-19 врз мирот и безбедноста“, рече Гутереш.

Трамп - „СЗО навистина ја оплеска“

Американската амбасадорка Кели Крафт, како што јави агенцијата Франс прес, потсети на „кинеско-американските контроверзии во врска со кинеското потекло на вирусот“, наведувајќи дека најефикасниот начин за борба против пандемијата е да се соберат точни податоци. Кинескиот амбасадор Џанг Џун пак навел дека „мора да се отфрли секој чин на стигматизација и политизација“ на пандемијата. Две нацрт-резолуции се разгледуваат во Советот, но одделно, едната меѓу непостојаните членки и а другата меѓу петте постојани членки.