Коалицијата предводена од Саудиска Арабија го прекинува огнот во Јемен

шиитски бунтовници од движењето Хути, Јемен

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитското востание во Јемен, денеска го прекинува огнот, соопштија саудиските власти, додавајќи дека одлуката е одговор на повиците на Обединетите нации да се стави крај на судирите за време на пандемијата на коронавирусот. Тие рекоа дека прекинот на огнот ќе трае две недели за време на кој коалицијата ќе ги поддржи напорите на ОН за приближување на спротивставените страни на преговарачката маса.

Ракетни напади врз главниот град на Јемен

Претходно, јеменските власти објавија дека во изминатите 10 дена, повеќе од 270 лица биле убиени, а најмалку 300 повредени во тешки борби меѓу владините сили и шиитските бунтовници од движењето Хути, поддржано од Иран. Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, која има поддршка од САД и ја поддржува владата на претседателот на Јемен, Мансур Хади, изврши повеќе од 370 воздушни напади врз позиции на бунтовниците од движењето Хаути за помалку од две недели. Повеќе од 10.000 луѓе се убиени од почетокот на граѓанската војна во Јемен во 2015 година, а милиони се раселени. Повеќе од две третини од јеменското население има потреба од помош.