Меркел: Кризата со вирусoт е најголемиот тест за ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Пандемијата на коронавирус е најголемиот тест со кој се соочи Европската унија во својата историја, рече денеска канцеларката Ангела Меркел, нагласувајќи дека Германија е „подготвена да придонесе“ за зајакнување на блокот.

„Според мене, Европската унија е пред најголемиот тест од основањето“, рече Меркел пред новинарите пред почетокот на конференцијата на министрите за финансии на еврозоната за изготвување план за економски спас за блокот.

„Секој е подеднакво засегнат како и другиот, и затоа е во интерес на сите и во интерес на Германија и за Европа да излезе силно од овој тест“, изјави Меркел.

На прес-конференцијата денеска Меркел го повтори ставот на нејзината влада за активирање на фондот за финансиска помош на Европскиот механизам за стабилност, за кој германскиот министер за финансии Олаф Шолц, рече дека може да се активира „без бесмислени услови“ за да им помогне на државите кои се борат со последиците од кризата.