Трамп повторно му се закани на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека ќе плати „висока цена“ доколку Техеран или нејзините сојузници во Ирак ги нападнат американските трупи распоредени во таа земја. „Според доверливи информации, Иран или неговите полномошници планираат напад врз американските трупи во Ирак“, напиша Трамп на твитер, додавајќи: „Ако се случи тоа, Иран ќе плати многу висока цена, навистина!“

Рохани: САД пропуштија историска шанса да ги укинат санкциите кон Иран

Во текот на изминатата година, Соединетите држави ги обвинија милициите подржани од Иран за напади врз ирачки воени бази каде што има коалициски сили и странски амбасади, особено американската мисија. На 11 март во ракетен напад врз ирачката база загинаа двајца американски војници и еден британски војник, со што се зголемија тензиите во регионот. Никој не ја презеде одговорноста за нападот.