Лидерите на ЕУ - за две недели мерки за решавање на економската криза

Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет

Лидерите од 27 земји на ЕУ се согласија, под притисок на Италија, да ги повикаат министрите за финансии на еврозоната да дефинираат посилни мерки за решавање на економската криза и очекуваната рецесија во рок од две недели. На шестчасовниот видео самит во четвртокот вечер, лидерите на ЕУ, исто така, ја повикаа Европската комисија да изготви стратегија за ревитализација на економиите на земјите-членки за време на вонредна состојба поради пандемија на коронавирусот. Во заедничката изјава од самитот, се наведува дека новите економски „предлози треба да го земат предвид невиденото влијание на коронавирусот врз сите земји“.

Лидерите на ЕУ одобрија преговори со Скопје и Тирана

Барањето до министрите за финансии да предложат нови економски мерки најмногу се должи на Италија и Шпанија, двете најпогодени земји со пандемијата кои побараа „силен и адекватен“ економски одговор. Претходно, италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека ќе го блокира заедничкиот одговор. Тој им кажал на другите европски лидери дека Италија сака ЕУ да примени „иновативни финансиски инструменти што навистина се прилагодени на војната“. Во Италија само вчера имаше над 660 нови смртни случаи и 6.153 инфекции. Порастот на дневните смртни случаи се спушти до најниската точка од 8,8 проценти - додека стапката на инфекција за четврти ден е околу осум проценти.