Коронавирус, коронаобврзница и тивка процедура

МАКЕДОНИЈА / БРИСЕЛ - Со т.н. тивка процедура, земјите членки на ЕУ ги усвоиле амандманите за нацрт-заклучокот кој се однесува на отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Во наредните денови се очекува усвојување на овие заклучоци по писмена процедура, јави дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел.

МАКЕДОНИЈА - МВР до ОЈО Скопје поднело вкупно 15 пријави за ширење на лажни вести кои се однесувале на состојбата со коронавирусот, информираше денес на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

МАКЕДОНИЈА - На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопшти Министерството за здравство. Ова е втора жртва на Ковид-19 во Македонија. Денес до пладне беа регистрирани нови 22 заразени, со што бројот на лица со коронавирус се искачи на 136.

САД / АВГАНИСТАН - Американскиот државен секретар на САД, Мајк Помпео, ја заврши итната посета на Кабул, без да каже дали е можен договор меѓу политичките лидери во Авганистан.

ГЕРМАНИЈА - Негативен на коронавирус е првиот тест што го направила германската канцеларка Ангела Меркел. Нејзиниот портпарол вели дека таа е добро и останува во самонаметнатиот карантин чекајќи понатамошно тестирање на коронавирус.

ГРЦИЈА - Властите во Грција донесоа посебни правила и ограничувања на движењето за луѓето сместени во прифатните центри за бегалци и мигранти во цела Грција со цел превенција од Ковид-19 во центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти.

БУГАРИЈА - Бугарските пратениците го одобрија ветото што претседателот на Бугарија Румен Радев го наложи за спорните текстови од Законот за мерки при вонредни состојби.

ФРАНЦИЈА - Бројот на починати од коронавируост на светско ниво се искачи на 15.000 луѓе, а повеќе од 350.000 се заразени од новиот вирус.

ПОРТУГАЛИЈА - Членот на Упрваниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Карлос Коста, денеска изјави дека владите во еврозоната мора да размислат за издавање заедничка коронаобврзница, за да не предизвика пандемијата на коронавирусот нова должничка криза.

хрватска - Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени бил регистриран во Загреб и пошироката околина, а епицентарот бил на четири километри северно од хрватската метропола, објавија хрватските медиуми.

ЈАПОНИЈА - Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска за прв пат најави дека Јапонија сериозно ја разгледува опцијата за одложување на Олимписките игри кои од 24 јули до 9 август требаше да се одржат во Токио, поради пандемијата на коронавирост