Британската полиција откри крадци на тоалетна хартија и средство за дезинфекција на раце

Илустрација

Британската полиција денеска соопшти дека при стопирање на возило откриле украдена тоалетна хартија и средства за хигиена на раце во услови кога во целиот свет се стравува од недостиг на овие производи кои граѓаните масовно ги купуваат поради пандемијата од коронавирусот. Тројца мажи се уапсени доцна вчера за кражба на тоалетна хартија и средства за дезинфекција на раце кои тешко се наоѓаат во продавниците во Британија како и за крадење на возилото. Полицијата во Есекс, област во близина на Лондон, соопшти дека секогаш имале чувство на задоволство кога ќе фателе крадци, но дека не очекувале да откријат ваков грабеж.