Русија ги затвори границите за странци

Илустрација

Русија соопшти дека ќе забрани влез на странски државјани и лица без државјанство до 1-ви мај како одговор на пандемијата на Ковид 19. Во денешното соопштениеод Кремљ е наведено дека забраната ќе стартува за два дена и дена нема да се однесува на дипломати и одредени категории на луѓе. Руските власти соопштија дека евидентирале вкупно 93 случаи на заразени од Ковид 19. Претходно градоначалникот на Москва, Сергеј Собијан објави дека во руската престолнина се забранети собири на над 50 луѓе на јавни места до 10 април и дека сите училишта и универзитети се затворени до 12 април.