Рускиот уставен суд ги одобри новите правила на Путин

Рускиот уставен суд ги одобри измените на уставот со кои меѓу другото, му се овозможува на претседателот Владимир Путин да остане уште 16 години на власт откако неговиот мандат требаше да заврши во 2024 година. Денешното судско соопштение доаѓа по три дена откако руските парламентарци го одобрија предлогот за измени на Уставот.

Според претходните правила на Путин во 2024 година му истекува вториот последователен мандат, при што не е дозволено кандидатура за трет мандат. Но, со новите измени на Уставот се дозволува пет последователни мандати со што се отвора можност да остане на власт уште 16 години. Последни во низата за одобрение на уставните измени се руските граѓани кои на 22 април за ова прашање ќе треба да се изјаснат на референдум.