Расте бројот на заболени од коронавирус во Велика Британија

Бројот на заразени од коронавирус во Велика Британија се зголеми на 1.372 во последните 24 часа или 20 проценти, додека бројот на загинати се зголеми од 21 на 35, соопштија денеска официјалните лица. Министерството за здравство соопшти дека досега се тестирани вкупно 40.227 лица во Британија. Оваа земја го потврди првиот случај на инфекција на коронарнавирус на 31 јануари.