Израел става во двонеделен карантин секој кој доаѓа од странство

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека владата решила да стави во карантин секој кој доаѓа од странство во настојување да го спречи ширењето на заразата со коронавирус. „Ова е тешка одлука, но неопходна за заштита на здравјето на луѓето. Тоа е пред се“, рече тој. Вкупниот број на заболени во Израел е над 40. Десетици илјади луѓе во Израел се наоѓаат во самоизолација, во нивните домови.