Половина од жените продготвени да работат за плата под просечната

Банкноти по 1000 денари

Плата од 12.000 до 20.000 е прифатлива за повеќе од половина жени во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика објавени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, покажуваат дека за најголемиот дел од жените или за 34,7 проценти прифатлива плата е од 16.000 до 20.000 денари, за 32,3 отсто од 12.001 до 16.000 денари, за 21,7 отсто е од 20.000 до 30.000 денари. За плата до 8.000 денари би работеле само еден отсто, за плата од 30.000 до 40.000 денари 1,7 отсто и 0,3 отсто од жените би прифатиле работа за месечна плата која изнесува над 40.000 денари.

Просечната плата во државата изнесува речиси 27 илјади денари.

Податоците покажуваат дека во руралните средини 22,4 отсто од вработените жени се неплатени семејни работници, за 81 отсто главен извор на средства за живот на невработените и неактивни жени е платата или пензијата на членовите на домаќинствата, а дека 3,6 отсто од жените во урбаните средини се работодавачи.

Од работоспособните жени, 37, 5 отсто се невработени, а вработени се 39,5 отсто. Просечната возраст на која жената во земјава стапува во прв брак е 26,9 години, а првото раѓање просечно го прави на возраст од 27,3 години.

Во 2018 година од вкупно родените деца 47,6 отсто се девојчиња.