Влада:продолжена забраната за јавни собири и настани до 13 март

Архивска фотографија- зградата на владата

Владата на Република Северна Македонија го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март 2020 година, соопштија од владината прес служба.

Од таму наведуваат дека Институтот за јавно здравје редовно ја ажурира листата со ризични земји и ја доставува до сите членови на Комисијата, како и до сите надлежни гранични служби и до граничната полиција. Владата ја прифатила ипрепораката на Комисијата за заразни болести, царинските служби и туристичките агенции редовно да доставуваат ажурирани списоци со податоци за патниците кои влегуваат во земјата организирано, како и листи со податоци за патниците кои се превезуваат со редовните линии.

Во Македонија досега има потврден еден случај на коронавирус, 50 годишна жена која патувала во Италија. Министерството за здравство соопшти дека контролниот тест на кој и го направиле бил негативен, што значело дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа.