Ердоган: „милиони“ мигранти наскоро ќе тргнат кон ЕУ

Архивска фотографија- турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

„Милиони“ мигранти и бегалци наскоро ќе тргнат кон Европската унија предупреди денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како што јавува агенцијата Франс Прес оваа изјава е дел од притисокот кон западните земји поврзан со сирискиот конфликт.

„Откако Турција минатата недела ги отвори вратите за мигрантите да ја напуштат територијата стотиците илјади поминаа, а наскоро ќе бидат милиони“, рече Ердоган во телевизиското обраќање.

Извештаите од грчката гранична служба пак се дека бројот на мигранти е далеку помал.