Дендиас: Западниот Балкан да се посвети на владеење на правото

Архивска фотографија- Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска на отворањето на на конференцијата насловена „Од Солун до Загреб“, која се одружува во Солун рече дека тие како европските соседни земји на Западен Балкан потврдуваат дека регионот е интегрален дел од Европа.

Според Дендиас, нема дилеми дека регионот и припаѓа на ЕУ, но западнобалканските земји мора да се посветат на владеењето на правото, почитување на човековите права и зајакнување на демократските институции. Тој нагласи и дека ЕУ мора да ги исполни своите ветувања за интеграција на земјите од регионот, со што ќе се постигне трансформација на Западниот Балкан, негово интегрирање во пазарот на Унијата, создавање поповолна економска клима, намалување на невработеноста, привлекување нови инвестиции и запирање на одливот на мозоци.

На конференцијата учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.