Бугарската православна црква нема да учествува на Саборот во Јордан

Илустрација

Бугарската православна црква соопшти дека нема да испраќа свој претставник на Саборот на патријарси во престолнината на Јордан, кој во организација на Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети ќе се одржи на 26 февруари. Во соопштението се вели дека Синодот на БПЦ „ќе се воздржи од учество и нема да испрати свој претставник во Аман“.

За средбата во Аман досега учество потврдија единствено патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати православни цркви категорично одбија да присуствуваат на средбата. Последниот кој не ја прифати поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на неделава. Според најавите, на дневен ред на средбата ќе биде украинското прашање, кое предизвика голема поделба во православниот свет.