Хрватска денеска постави ограда во близина на граничниот премин Изачиќ заради зајакнување на границата поради мигрантската криза. Хрватското Министерство за внатрешни работи потврди дека е поставена и подвижната бариера во хрватското место Личко Петрово Село.
Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска се повикуваат на шенгенскиот каталог на ЕУ за надзор на надворешната граница, враќање и повторно прифаќање, во кој е наведено „дека граничните премини и непосредното подрачје треба технички да се надгледуваат, а граничните контроли и надзор треба да бидат осветлени“.